Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Секулов, Александар

sekulov_aleksander
Александар Секулов, роден 1964 год. во Пловдив (Бугарија), студирал бугарски јазик и книжевност. Во неговите објавени дела се вбројуваат повеќе збирки поезија, збирка есеи, романи и една пиеса. Покрај книжевноста се посветува и на новинарството и активно учествува во општествениот и културниот живот на својот роден град. За неговото книжевно творештво е добитник на низа признанија: Академика, Цветан Цангов, Иван Николов, книжевната награда на градот Пловдив, наградата за новинарство на градот Пловдив. Неговите дела се преведени на англиски, унгарски и српски јазик. Романот „Колекционер на любовни изречения“ беше номиниран за наградата „Вик“ за 2008 год.