Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Миниќ, Снежана

minic_snezana
Снежана Миниќ, родена 1958 год. во Ниш (Србија), студирала германски јазик и компаративна книжевност во Белград. Студиите ги завршува со обемен магистерски труд за рецепцијата на поезијата на Готфрид Бен во српско-хрватското говорно подрачје. Најпрвин работи како професор по германски јазик, потоа како новинарка, писателка и слободен преведувач од германски на српски јазик. Од 1992 год. живее во Хамбург. До сега Снежана Миниќ има објавено пет самостојни збирки поезија и бројни преводи од автори од германско јазичното говорно подрачје на српски јазик, меѓу кои дела од Рајнер Вернер Фасбиндер, Готфрид Бен и Сара Кирш. Член е на Здружението на писателите на Србија и на српскиот и германскиот ПЕН-Центар.