Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Кирш, Сара

kirsch_sarah
© Jens Rusch

Сара Кирш е родена 1935 год. како Ингрид Бернштајн во Лимлингероде. Во 1960 год. се мажи за поетот Рајнер Кирш и почнува да објавува лирски текстови под псевдонимот Сара. Првата збирка поезија ја пишува заедно со својот сопруг, а во 1967 год. следува и нејзината прва самостојна збирка поезија. По разводот во 1968 год. се преселува во Источен Берлин и станува член на раководството на Здружението на писателите на ГДР. Кога во 1976 год. е исклучена од Социјалистичката партија на единството на Германија, заминува во Западна Германија, кадешто успешно ја продолжува писателската кариера. Добитник е на бројни реномирани одликувања и од 1992 год. беше член на Слободната Академија на уметностите на Хамбург. Во 1996 год. ја презема професурата „Браќата Грим“ во Касел. Од 1983 год. Сара Кирш живееше во Тиеленхеме во Шлезвиг-Холштајн. Почина на 05. мај 2013 год.