Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Поповиќ, Едо

popovic_edo
© Mio Vesović
Eдо Поповиќ, роден 1957 год. во Ливно (Босна и Херцеговина), студирал на Филозофскиот факултет во Загреб, каде што живее од 1968 год. Неговиот прв роман „Ponoćni boogie“ се смета за најшармантната книга на книжевната генерација на 80-тите години. Во годините на војната објавува бројни репортажи од воените сцени во Хрватска и Босна и Херцеговина. За време на еден стипендиски престој во Грац, во 2000 год. го пишува својот автобиографски дневник „Kameni pas“. Урбаната сензибилност, недовербата наспроти авторитетите, слободниот однос кон јазикот, негуваниот стил, концизноста, хуморот и брзиот ритам се главните обележја на неговата проза. Неговите дела се преведени на германски, англиски, полски и словенечки јазик.

Eдо Поповиќ го застапува  „Aгенцијата за партнерство и пропаганда“.