Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Zorn und Zeit

Слотердијк, Петер.

sloterdijk_zornПетер Слотердијк во својот бестселер го опишува гневот како централна двигателна сила на развојот и промената. А нескротливиот импулс уште од античко доба е е усмеруван во регулирани патеки. Јудеизмот и христијанството, ама и тоталитаризмот на ХХ век може да се опишат како економизирање, како големи идеологии, коишто го акумулираат и организираат гневот. Расветлувачката анализа на Слотердијк , којашто внесува уште повеќе прашања од совремието во долгата историја, се занимава и со актуелниот феномен на исламството – враќањето на гневот во форма на неуправуван ресентимент.

Zorn und Zeit [Гнев и време] од Петер Слотердијк излезе на словенечки јазик (извадок) во превод на Славо Шерц под наслов Srd in čas во издание на Штудентска заложба, Љубљана и на романски јазик (извадок) во превод на Андреј Анасташеску во издание на Едитура Арт, Букурешт.