Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Кнежевиќ, Снешка

knezevic_snjeska

Снешка Књежевиќ, родена 1938 год. во Загреб, завршила историја на уметност и германски јазик. Во 1962 год. почнува да работи за Радио Загреб, освен тоа има објавено статии за архитектура, урбанизам и заштита на споменици. Во 1990 год. ја напушта својата работа во радио и како надворешен соработник на Институтот за историја на уметноста се посветува на научна работа. Во 1994 год. докторира во областа на историја на уметноста. Од 200 год. во Загреб предава историја на уметноста на Филозофскиот Факултет, а од 2002 год. и на Архитектонскиот факултет. Снешка Књежевиќ од 1964 год. е член на Здружението на книжевните преведувачи на Хрватска. Освен тоа е член на хрватскиот ПЕН-центар, на Здружението на новинарите, на Здружението на историчарите на уметноста. Кон нејзините преводи се вбројуваат: Валтер Бенјамин, Херман Брох, Петар Хандке, Улрих Пленцдорф, Бертолт Брехт, Еден фон Хорват, Теодор Адорно, Ернст Блох, Алфред Деблин, Гинтер Грас, Франц Кафка и Томас Бернхард.