Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Милев, Гео

milev_geo
Гео Милев, роден 1895 год. во Раднево (Бугарија), се смета за еден од најважните експресионистички автори на Бугарија. Студирал во Софија и Лајпциг. По Првата Светска војна почнува да соработува со списанието „Ди Акцион“ во Берлин.  Во 1919 год. се враќа во Бугарија и таму го основа списанието за уметност „Весни“. Во 1922 год. поднесува барање за прием во Бугарската комунистичка партија и од 1924 год. го издава списанието „Пламак“. Поради неговата песна „Септември“ за задушеното комунистичкото востание од 1923год. е обвинет и осуден. Кога во мај 1925 год. е изнесен на ислушување, повеќе никогаш не се враќа. Неговиот череп беше пронајден 30 години подоцна во една масовна гробница во близината на Софија.