Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Гароска Ацевска, Катица

garoska_acevska_katica

Катица Гароска Ацевска, родена 1947 година во Скопје, студирала англиски и француски јазик во Скопје. Работела во Националната библиотека и во Министерството за култура на Македонија. Денес се посветува на нејзината дејност како книжевна прведувачка, за која во 1999 година беше одликувана со Наградата на Друштвото на преведувачи „Златно перо“. Во 2014 година ја доби стипендијата Карл Холенштајн на преведувачката куќа Лоорен. Катица Гароска Ацевска преведува од англиски, француски јазик и како стипендистка има претстојувано во повеќе преведувачки центри во Англија, Белгија, Босна и Херцеговина, САД, Германија, Летонија и Швајцарија. Во нејзините преводи се вбројуваат дела од следниве автори: Роалд Дал, Џ. Д. Селинџер, Арундати Рој, Кенет Вајт, Гао Хинџијан, Роберт Грејвс, Филип Рот, Д.Х. Лоренс, Јукио Мишима, Маргерит Јурсенар, Вирџинија Волф, Џон Стајнбек, Хенрик Понтопидан, Скот Фитџералд, Фадија Нура Хавер, Филип Давид, Мирко Коваќ, Чарлс Дикенс, Данило Киш, Џефри Еугенидес, Дон ДеЛило и Агота Кристоф. Таа е главен уредник на Balkan Mountaineering Union Magazine и објавува статии во весници и списанија.