Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Маџиров, Никола

madzirov_nikolaНикола Маџиров е роден 1973 година во Струмица (Македонија). Тој е еден од најисклучителните поети од неговата земја. Објавува песни, есеи и книжевни преводи и е еден од координаторите на меѓународната мрежа Lyrikline. Неговите дела се преведени на четириесет јазици. Германскиот неделник Дер Шпигел квалитетот на неговата поезија го споредува со оној на Томас Транштремер. Врз основа на неговите песни настанаа композиции на италијанскиот композитор Ангело Инглезе и на американскиот џез-музичар Оливер Лејк. За збирката поезија Преместен камен (2007) Никола Маџиров беше одликуван со наградата Хуберт Бурда. За значењето на неговото творештво сведочат и бројни понатамошни меѓународни награди и стипендии.