Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Периќ, Борис

boris_peric

Борис Периќ, роден 1966 во Вараждин (Хрватска), завршил германистика и филозофија на Филозофскиот Факултет во Загреб. Тој е писател, книжевен преведувач и новинар за различни хрватски и странски весници, списанија и магазини. Освен бројните книги има објавено и голем број преводи, меѓу кои дела од: Мартин Хајдегер, Петер Хандке, Херман Хесе, Томас Бернхард, Гинтер Грас, Инго Шулце, Карл Јасперс, Артур Шницлер, Јохана Шпири, Хајнц Хегер, Норберт Гстрајн, Јулијан Нида-Римелин, Норберт Елиас, Томас Брусиг, Леополд Сахер-Мазох, Романо Гвардини, Дорис Дери, Јозеф Рот, Габриел Лојдолт и Маркус Јарошка. Борис Периќ е член на Друштвото на писателите на Хрватска (ХДП) и на Здружението на писателите на Хрватска (ДХК). Живее и работи во Загреб.