Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Вевар, Штефан

vevar_stefanД-р Штефан Вевар, роден 1953 година во Словењ Градец (Словенија), студирал германистика и англистика на Филозофскиот факултет во Љубљана. Во 2011 година докторира со тезата Fenomen Goethe: njegova estetika in poetika med originalnom in slovenskim prevodom [Феноменот Гете: неговата естетика и поетика меѓу оригиналот и словенечкиот превод], излезе 2012 година. Во 2013 година следува неговата монографија Vrvohodska umetnost prevajanja [Уметноста на одење по јаже на преведувањето]. Д-р Штефан Вевер има преведено бројни германски класици на словенечки јазик (меѓу кои и Гете, Шилер, Новалис, Хајне, Теодор Фонтане, Адалберт Штифтер, Херман Брох, Роберт Музил, Франц Кафка, Диренмат, Грас, Хајнер Милер, Јурек Бекер, Ерих Фрид, Кристоф Рансмајер, В. Г. Зебалд, Стен Надолни, Арно Гајгер Маја Хадерлап, Петер Хандке, Луц Зајлер и др.) во 1999 година за неговиот превод на Wilhelm Meisters Lehrjahre од Гете ја доби словенечката национална награда за книжевен превод, во 2017 година наградата „Фабијан Хафнер“ за преводот на романот Die Ringe des Saturns од .Г. Зебалд. Освен тоа седум пати е одликуван со австриската Премија за превод.