Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Гојковиќ, Дринка

gojkovic_drinka

Дринка Гојковиќ (родена 1947, Белград) преведува  од германски и англиски јазик. Две децении била главен уредник на списанието „Мостови“. Денес е издавач на едицијата книги „Библиотека мостови/едиција преводиоци. Има објавено бројни преводи, меѓу кои и дела од: Георг Бихнер, Јозеф Рот, Ханс Магнус Енценсбергер, Петер Хандке, Михаел Кригер,Деа Лохер, Клеменс Мајер, Роман Јакобсон, Петер Сцонди; Харалд Вајнрих, Фолкер Клотц, Волф Лепениес, Давид Гросман,Едвард Сејд. За нејзините преводи е повеќекратно наградена („Милош Н. Ѓуриќ“ за целокупното творештво на Бихнер; „Милош Н. Ѓуриќ“ за „Lethe. Kunst und Kritik des Vergessens“од Харалд Вајнрајх; „Награда на градот Белград за книжевност и преводна книжевност“ за  Kultur und Politik. Geschichten од Германија за Волф Лепениес).