Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Ангелешку, Мариа-Магдалена

anghelescu_maria
Mариа-Магдалена Ангелешку, родена 1952 год. во Баиа Маре (Романија), завршила романски и латински јазик и книжевност во Букурешт. Работела како библиотекарка во Институтот за историја на уметноста „Г.Опреску“ на Романската Академија и колеџот ,,Њу Јуроп“. Mариа-Магдалена Ангелешку преведува од германски, англиски, француски и италијански на романски јазик. Од 2000 год. е член на здружението на писателите на Романија во Букурешт, оддел превод. За нејзиниот превод од Хорст Бредекамп „Antikensehnsucht und Maschinenglaube. Die Geschichte der Kunstkammer und die Zukunft der Kunstgeschichte“ во 2008 год. ја добива наградата за преведување ,,Алијанса“. Живее и работи во Букурешт.