Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Бекиќ, Томислав

bekic_tomislav

Toмислав Бекиќ (1935-2008), германист и преведувач, од 1960 год. до пензионирањето во 2002 год. работи на Катедрата за германски јазик и книжевност на Филозофскиот Факултет во Нови Сад. За неговата долгогодишна научна дејност е повеќекратно наградуван. Како преведувач е добитник на наградата „Милош Н. Ѓуриќ“ (1991) и на наградата од Здружението на писателите на Војводина (2001). Универзитетот во Нови Сад го овенча со „Награда за животно дело“. Томислав Бекиќ, меѓу другото, беше член на Друштвото „Томас Ман“ во Либек, на Германското друштво „Шилер“ во Марбах, на друштвото „Манес Шпербер“ во Виена и на Друштвото на Југоисточна Европа во Виена. Неговиот главен интерес беше насочен кон културните односи помеѓу јужнословенската и германската култура и делото на Томас Ман.