Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Гелевски, Никола

gelevski_nikolaНикола Гелевски е роден 1964 год. во Скопје. Студирал компаративна книжевност и од 1989 год. ја води издавачката куќа „Темплум“. Од 1994 год. е главен уредник на списанието за култура ,,Маргина“, а од 2009 год. и главен уредник на од него основаниот портал ,,Oкно“. Бил долгогодишен колумнист во ,,Форум“ и ,,Утрински весник“, а од 2009 год. пишува колумни за списанието „Глобус“. Кало проминентен колумнист во 2007 год. ја добива наградата ,,Борјан Таневски“. Покрај неговата дејност како издавач, уредник и автор, го основа и здружението „Контрапункт“ и е коосовач на уште три здруженија („Точка“, „Плоштад Слобода“ и „ГЕМ“). Никола Гелевски има преведено дела од Владимир Арсенијевиќ, Неманја Митровиќ и Огнен Спахиќ. Гелевски живее и работи во Скопје.