Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Чучник, Примож

cucnik_primoz
Примож Чучник, роден 1971 год. во Љубљана, завршил филозофија и социологија на култура. Се вбројува во еден од најзначајните словенечки поети од поновата генерација. Досега има објавено седум збирки поезија. За неговата прва книга „Dve zimi“ во 1999 год. е добитник на наградата за најдобро поетско деби. Како ко-автор има преведено низа значајни современи автори од полски и англиски јазик. Примож Чучник е уредник на списанието „Литература“, како и уредник и основач на џепната едиција „Шерпа“. Тој живее и работи во Љубљана.