Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Лека, Ариајан

leka_arian
Ариајан Лека, роден 1966 год., студирал музика во родниот Драч (Албанија) и албански јаизк и книжевност во Тирана. Пишува песни, раскази, романи и литература за деца и, меѓу другото, ги има преведено италијанските Нобеловци Еугенио Монтале и Салваторе Квазимодо на албански јазик. Некои од неговите доесега објавени четиринаесет книги и делови од нив се преведени на италијански, англиски, германски, француски, романски, бугарски и хрватски јазик. Во 2004 год. го основаше меѓународниот фестивал на поезијата и книжевноста ,,ПОЕТЕКА“ и оттогаш е главен уредник на истоименото книжевно списание. Аријан Лека е добитник на повеќе награди во земјата и странство, меѓу кои и наградата на Министерството за култура на Албанија, коешто се смета за едно од најпрестижните одликувања во Албанија.