Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Шарланџиева, Рада

sharlandzhieva_rada
Рада Шарланџиева, родена 1946 год. во Дрианово (Бугарија), студирала англиска и американска книжевност во Софија. Освен тоа се специјализрала во областа на српско-хрватски јазик и книжевност на универзитетот во Софија, и француски јазик и книжевност на Сорбона во Париз. Рада Шарланџиева преведува од англиски, српско-хрватски и француски на бугарски јазик. Во нејзините досега објавени преводи се вбројуваат дела од: Дорис Лесинг, Џек Керуек, Ф.С. Фитџералд, Жоан Дидио, Ричард Бројтиган, Бранимир Шчепановиќ, Иво Андриќ, Давид Албахари, Сузан Зонтаг, Eмил Сиоро, Жо Орто, Бранислав Нушиќ (заедно со Дивна Лафчиева) и Милорад Павиќ. Покрај нејзината дејност како книжевен преведувач, работи и како слободен новинар и објавува статии, есеи, критики и предговори на книги за култура и книжевност.