Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Премур Ксенија

premur_ksenija
Kсенија Премур, родена 1962 год. во Загреб, завршила филозофија и руски јазик на Филозофскиот факултет во Загреб. Со еден филозофски труд се здобива со титулата магистер во Љубљана, а во 1997 год. магистрира во Загреб со труд на тема од теорија на превод. Kсенија Премур била предавач на Вишата школа за музика во Ловран и асистент на универзитетот во Загреб. Освен тоа учествувала на научни симпозиуми во земјата и во странство, а објавува и научни статии и книги. Покрај научничката работа, Ксенија Примур пишува и романи, раскази и збирки поезија.Од 1981 год. преведува научни и книжевни дела од англиски, руски и словенечки јазик.