Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Дабиќ, Јелена

dabic_jelenaЈелена Дабиќ, родена 1978 година во Сараево, студирала германски и руски јазик во Инсбрук и Виена. Таа е книжевен преведувач од српски/хрватски/босански јазик, професорка и книжевен критичар. Меѓу другото има преведувано за edition korrespondenzen, списанијата ПОДИУМ и Лихтунген, како и за антологиите Der Große Krieg – Der erste Weltkrieg im Spiegel der serbischen Literatur und Presse (Промедиа 2014) и Eintrittskarte/Ulaznica: Serbien: Panorama der Lyrik des 21. Jahrhunderts (Драва 2011). Последен излезе нејзиниот превод Verlorene Söhne од Мурат Балтиќ (роман, Драва 2017) и книгата Vilnius: Reisen in die ferne Nähe од Лаимонас Бриедис (Визер 2017), на кои учествуваше како преведувачка. Јелена Дабиќ живее и работи во Виена.