Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Бернхард, Томас

bernhard_thomas
© Andrej Reiser
Томас Бернхард, роден 1931 год. Во Хеерлен (Холандија), израснал во јужна Баварија и во околината на Салцбург, и се вбројува во еден од најзначајните австриски писатели. Голем печат врз неговото детство остава дедо му, писателот Јоханес Фројбихлер. На 16 години заболува од туберкулоза, поради што уште многу рано почнува да се занимава со тематиката на смртта. Од 1955 до 1957 год. студира драматургија и драмски уметности во Салцбург. Томас Бернхард најпрвин објавува бројни збирки поезија. Книжевниот пробив го прави во 1963 год. со романот ,,Frost“. Набрзо следуваат понатамошни романи и раскази, а од 1970 год. станува познат и како драматург. Добитник е на бројни наради, меѓу кои наградата ,,Георг Бихнер“ (1970), ,,Премио Мондело“(1983) и на ,,При Медичис“ (1988). Tомас Бернхард почина 1989 год. во австрискиот Гмунден.