Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

ТРАДУКИ во Академијата за литература за деца и млади

.

logo_akademie
Првиот проект на ТРАДУКИ беше средбата на издавачите, писателите, преведувачите на литература за деца и млади, којашто се одржа од 28. до 31. мај 2008 год. во Фолках, Баварија.
За место на средба беше избрано гратчето Фолках, бидејќи од 1976 год. таму се наоѓа Германската Академија за литература за деца и млади.

Поради фактот што еден од трите столба на ТРАДУКИ го претставува литературата за деца и млади, веќе беше време, со одредени земји да се воспостави првиот контакт и да се продлабочи размената на ова поле.

Гостите на ТРАДУКИ беа официјално поздравени од Фондацијата С. Фишер и Германската Академија, и зедоа учество на свеченото отворање.
Средбата се состоеше од многу читања на германски автори (Паул Мар, Изабел Абеди, Јута Рихтер и многу др.), говори и работилници на тема ,,книгата за деца и млади".
ТРАДУКИ изготви платформа за размена на експерти од регионот, и ги овозможи контактите со институциите од германско-јазичниот простор.
За време на повеќето манифестации од затворен тип се создаде прилика со претставниците на проектот ТРАДУКИ да се продискутира за конкретни прашања, за размената на книгата за деца и млади, за финансирање на преводи и добивање лиценци итн. во рамките на проектот ТРАДУКИ.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d