Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Вегел, Лашзло

vegel_laszlo
© Nebojsa Babic/literatur.rs
Лашзло Вегел, е роден 1941 год. во Србобран/Сентомаш, а завршил унгарски јазик и книжевност во Нови Сад и филозофија во Белград. Заедно со Данило Киш, Александар Тишма и Ото Толнај се вбројува во еден од најголемите автори од Војводина. Својот прв роман Вегел го објави во 1967 год.: Романот ,,Egy makró emlékiratai“, изјави Петар Естерхази, беше „камен-темелникот на модерната унгарска книжевност“. Оттогаш се објавени повеќе романи и есеи, како и театарски пиеси овенчани со награди. Неговите романи и есеи се преведени на повеќе европски јазици. Лашзло Вегел живее во Нови Сад, како припадник на унгарското малцинство.