Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Марковиќ, Милена

markovic_milena
© Nebojsa Babic/literatur.rs
Mилена Марковиќ, родена 1974 год. во Белград, пишува театарски пиеси и сценарија, а во Србија е позната и како поетеса. Меѓународниот пробив како драматург го направи со драмата ,,Šine“, којашто од премиерата во 2002 год. беше поставена на бројни сцени во земјата и странство и беше овенчана со низа награди. Поставките на нејзините драми ,, Brod za lutke“ и ,,Šuma blista“ доживеаа голем успех на меѓународните фестивали. Покрај писателската дејност, таа предава и сценско пишување на еден приватен универзитет. Милена Марковиќ живее во Белград.