Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Тим, Уве

timm_uwe
© juergen-bauer.com
Уве Тим е роден на 30. март 1940 год. во Хамбург. По завршувањето средно училиште учел занает за крзнар и го посетувал колеџот во Брауншвајг. Матурал во 1963 год. Студирал германистика и филозофија во Минхен и Париз. 1967/68 год. политичка активност во социјалистичкиот германски сојуз на студенти (СГС). 1971 год. докторил на тема за проблемот на апсурдноста кај Ками. 1970-1972 год. студии по социологија и економија во Минхен. Од 1971 год. слободен писател. 1971/72 год. ја основал ,,Фортгрупе Минхен" и бил коиздавач на списанието ,,Литерарише Хефте". Од 1972 - 1982 год. ја издавал авторската едиција. 1981 год., гостувал на универзитетот Ворвик, Велика Британија. 1981-1983 год. престој во Рим. 1991/92 год. визитинг професор на универзитетот во Падеборн. Од есента 1994 год. редовен член на Германската Академија за јазик и поетска уметност, Дармштат, на ПЕН центарот на Сојузна Република Германија и на Академијата на уметностите.

Денес живее како слободен уметник во Минхен и во Берлин.