Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Пелевиќ, Маја

pelevic_maja
© privat/literatur.rs
Maја Пелевиќ, родена 1981 год. во Белград, студирала драматургија и три години работела како драматург во Белградскиот Народен театар. Таа е уредник на театарското списание ,,Сцене“ и коиницијатор на една интернет платформа за нови српски драми. Како автор ужива голема популарност во Србија, нејзините драми многу се играат и повеќекратно се наградени. Меѓу другото ,,Orangenhaut“ на Театарскиот фестивал во Нови Сад во 2010 год. ја доби ,,Наградата за најдобра српска современа драма“. Нејзините драми се многу ценети и во меѓународни рамки. Па така ,,Orangenhaut“ веќе е преведена на повеќе јазици. Маја Пелевиќ живее во Белград.