Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Пиштало, Владимир

pistalo_vladimirВладимир Пиштало, роден 1960 год. во Сараево, пораснал во Мостар, Краљево и Белград. Студирал право и докторирал во областа на американската историја на универзитетот во Хемшвир (САД). Во 1993 год. емигрира во Америка. Денес предава на Колеџот ,,Бекер“ во Масачусетц и постојано се наоѓа на релација САД-Белград. Владимир Пиштало е романсиер и раскажувач. Неговите книги се преведени на германски, англиски, француски, чешки, словачки, руски, италијански, дански, бугарски, унгарски, македонски, словенечки и јапонски јазик. За биографијата за научникот Никола Тесла (,,Tesla, portret među maskama“) беше овенчан со наградата ,,НИН“ и наградата на Националната библиотека на Србија.