Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Зафрански, Ридигер

safranski_ruedigerРидигер Сафрански, роден 1945 година во Ротвајл, е филозоф и повеќекратно одликуван и преведуван автор, меѓу другото, е познат по големите биографии за Гете, Хофман, Хајдегер, Ниче и Шилер. Студирал германистика, филозофија историја и историја на уметност. Во 1976 година ја заврши својата дисертација од областа на германистика и филозфија. Од 1972 до 1977 година работеше како научен асистент на Одделот по германистика на Слободниот универзитет Берлин, а од 1977 до 1984 година како доцент за образование за возрасни. До 1981 година беше коиздавач и уредник на културнополитичкото списание Berliner Hefte, во кое објавуваше текстови за книжевноста, политиката и филозофијата. Заедно со Петер Слотердијк беше домаќин на „Филозофскиот квартет“ на ЦеДеЕф.