Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Рихтер, Ангела

richter_angela
Aнгела Рихтер, родена 1952 год. во Дрезден, по завршувањето на стручното образование студира најпрвин српскохрватски и руски јазик во рамките на студиите по преведување и толкување на ,,Хумболт Универзитетот“ во Берлин. Од 1975 до 1978 год. престојува на книжевно-истражувачки студии во Белград и Берлин. Докторира во 190 год., а хабилитира во 1991 год. на тема за српската проза по 1945 год. До изборот во професор по славистика на ,,Мартин Лутер Универзитетот“ во Хале-Витенберг, работи на ,,Хумболт Универзитетот“ во Берлин. Со книжевни преводи започнува 1979 год. во рамките на антологијата ,,Erkundungen. 28 jugoslawische Erzähler“ (издавач: Б. Антковијак). Во 2011 год. ја издава антологијата на куса проза од Србија. ,,Der Engel und der rote Hund“.