Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Бајац, Владислав

bajac_vladislav
© Nebojsa Babic/literatur.rs
Владислав Бајац, роден 1954 год., студирал јужнословенски книжевности и светска книжевност во родниот Белград. Ја основал издавачката куќа ,,Геопоетика“ и е заменик-претседател на српскиот ПЕН-Центар. Владислав Бајац пишува раскази, романи, песни и есеи. Неговите дела се преведени на бројни јазици. За романот ,,Hamam Balkanija“ во 2008год. ја доби меѓународната награда за книжевност ,,Балканика“. На меѓународниот натпревар „Ито Ен“  во Токио е двократен добитник на наградата за хаику поезија, во 1991 и 1993 год.