Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Мар, Паул

maar_paul
© Martin Timphus
Паул Мар, роден 1937 год. во Швајнфурт, живее во Бамберг. Тој е некогашен сценограф и учител по уметност и е еден од најпознатите писатели за деца. Многу од своите книги самиот ги илустрира. Паул Мар е добитник на впечатливо голем број награди. Во 1996 год. неговото целокупно творештво беше овенчано со „Специјалната награда на „Германската награда за литература за литература за деца и млади“, а во 2003 год. ја доби „Германската награда за литература“. Заедно со сопругата Неле Мар преведува книги за деца од англиски јазик. Освен книгите за деца и млади и пиесите за деца, тој е автор и на сценарија за емисии за деца, а по налог на Гете Институтот патува по светот како претставник за литературата за деца. Неговите книги се преведени на многу јазици.

(Текст и фотографија со пријателско одобрение на издавачката куќа „Етингер“)