Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Лазиќ, Радмила

lazic_radmila
© privat
Радмила, Лазиќ, родена 1949 год. во Крушевац, 30 години работи во областа на медицината и истовремено пишува поезија. Од 1974 год. има објавено 13 збирки поезија и една збирка есеи, а покрај тоа е издавач на две антологии. Во 1993 год. со коавторките Билјана Јовановиќ, Маруша Кресе и Рада Ивековиќ во Германија ја објавува книгата ,,Briefe von Frauen über Krieg und Nationalismus“, којашто подоцна излегува и во Србија. Нејзините песни се застапени во бројни антологии и се преведени на англиски (oд американскиот поет Чарлс Симиќ), на германски, македонски и норвешки јазик. За својата поезија е добитник на многубројни награди. Заедно со Лилјана Ѓуриќ, Дубравка Ѓуриќ и Светлана Слапшак го основаше првото списание за женска книжевност и култура на Србија ,,ПроФемина“. Радмила Лазиќ од 1960 год. живее во Белград.

www.radmilalazic.com