Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Витман, Клаус

wittmann_klaus
Клаус Витман, роден 1937 год. во Крефелд, студирал право во Зарбрикен, Хајделбер и Бон. Од 1963 до 1999 год. работел во Обединетите Нации. Заедно со сопругата Мирјана Витман има преведено бројни романи, пиеси, радио-драми, есеи и раскази од српски, хрватски, босански јазик, меѓу другото дела од: Бора Ќосиќ, Борислав Пекиќ, Давид Албахари, Билјана Србљановиќ, Дубравка Угрешиќ, Милош Црњански, Радмила Лазиќ, Маја Пелевиќ, Филип Шоваговиќ, Неџо Осман и Каќа Челан. Во 2006 год. за „Mutterland“ (наслов на оригиналот „Mamac“) заедно со својата сопругата и авторот Давид Албахари беше добитник на наградата „Мост-Берлин“ за извонреден превод на некое значајно современо дело од книжевностите на Средна и Источна Европа. Во 2011 год. исто така со својата сопруга беше добитник на наградата „Паул Целан“ од Литературниот фонд на Германија за неговото преведувачко творештво, особено за преводот на романот „Die Ohrfeige“(наслов на оригиналот „ Pijavice“) од Давид Албахари. Клаус Витман живее и работи во Бон.