Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Николиќ, Јован

nikolic_jovanЈован Николиќ, роден 1955 година во Белград, како дете патува со своите родители-музичари, еден Ром и една Србинка низ поранешна Југославија. Неговата прва книга излезе во 1982 година. Во ова време живее во Белград, каде што пишува театарски пиеси и работи како актер, музичар и текстописец. Во 1999 година Николиќ најпрвин емигрира за Берлин, а подоцна за Келн. Денес тој е еден од најпознатите автори Роми. Неговите песни се препеани на повеќе јазици и се застапени во повеќе меѓународни антологии. Добитник е на бројни награди и стипендии и е член на српскиот П.Е.Н. – Центар во Белград, од 2002 година освен тоа е заменик-претседател на „International Romani Writers Association“ (IRWA, Хелсинки) како и соработник на здружението Рома во Келн.