Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Солдо, Мартина

soldo_martina
Maртина Солдо, родена 1962 год. во Копер (Словенија), најпрвин студирала драматургија во Љубљана. Во осумдесетите години работела за ,,Ирвин“, група визуелни уметници, за којашто пишувала интерпретативни текстови. Во деведесетитте интензивно се посветува на преведувачката дејност, на Теолошкиот Факултет во Љубљана учи хебрејски и латински јазик и посетува предавања на филозофски теми. Потоа почнува да преведува книги од германски филозофи, меѓу кои Хана Арендт, Карл Јасперс и Мартин Хајдегер. Во последните години поинтензивно преведува лирика и проза, меѓу кои ја превела и ,,Traumnovelle“ oд Артур Шнитцлер. Во 2009 год. излегува нејзината збирка поезија ,,Potapljač“.