Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Ванчева, Василка

vancheva_vasilka
Василка Ванчева, родена во Варна (Бугарија), завршила германистика на универзитетот во Софија (англиски јазик под Б и холандски јазик под Ц). По завршувањето на студиите и еден престој во Нијенроде (Холандија) и Хаселт (Белгија) најпрвин работела како слободен преведувач и новинар. Потоа била уредник на издавачката куќа за книги за деца ,,Отечество“ и во издавачкатаа куќа ,,Народна култура“. Во обете издавачки куќи била одговорна за германските и холандските наслови. Во 1992 год. ја основа приватната издавачка куќа ,,Емас“. Василка Ванчева има преведено раскази од германски и холандски јазик за печатот и зборници, покрај тоа и романот за млади ,,Kruistocht in spijkerbroek“ oд Теа Бекман и книгата за деца ,,Schwanensee“ oд Mарко Самса.