Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Лафазановски, Ермис

lafazanovski_ermis
© privat
Eрмис Лафазанофски е роден 1961 год. во Клуј (Романија), а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Член на Здружението на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН-Центар, а има објавено збирки раскази и романи. Неговите дела се преведени на повеќе јазици. За романот ,,Опишувач“ во 2001 год. ја доби наградата ,,Стале Попов“ од  Здружението на писателите на Македонија, а за романот ,,Роман за оружjето“ во 2003 год. наградата ,,Мајстор на прозата“. Неговиот роман ,,Храпешко“ во 2006 год. беше номиниран како македонски прилог за наградата ,,Балканика“. Ермис Лафазановски живее и работи во Скопје.