Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Франк, Јулија

franck_julia
© juergen-bauer.com
Јулија Франк, родена 1970 год. во Источен Берлин, во 1978 год, со семејството се преселува во Западна Германија и до 1983 год. живее во Шлезвиг-Холштајн. На тринаесет години се преселува кај пријатели на семејството во Берлин. Студира право, а потоа и историја на древна Америка, понова германска книжевност и филозофија. За време на студиите повеќе месеци престојува во САД, Мексико и Гватемала. Во 1995 год. Јулија Франк победува книжевниот натпревар „Оупен Мајк“ во Берлин. Во 1997 год. го објавува својот роман-деби „ Der neue Koch“. Следуваат понатамошни романи и збирката поезија „Bauchlandung“. Во 2005 год. една година живее во Рим во вилата Масимо. За романот „Die Mittagsfrau“ во 2007 год. ја доби „Германската награда за литература“.