Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Перуц, Лео

perutz_leo
© Paul Zsolnay Verlag
Лео Перуц, роден 1882 год. во Прага, во 1899 год. со семјството се преселува во Виена, каде што завршува школа за проценител, а како гостин-слушател посетува предавања на универзитетот и на техничката виша школа. Првите раскази ги објавува 1906 и 1907 год. во Виена и Теплиц. Во 1915 год. е мобилизиран на Источниот фронт, каде што се здобива со сериозни повреди. Неговиот најплоден творечки период е од 1918 до 1928 год., кога објавува шест успешни романи. Освен тоа пишува и раскази, новели и сценарија. Во неговите најважни дела се вбројува романот: ,,Der Meister des Jüngsten Tages“, којшто по објавувањето во 1923 год. е преведен на повеќе јазици. Во 1938 год. Лео Перц емигрира во Тел Авив. Починал 1957 год во Бад Ишл.