Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Јунг, Карл Густав

jung_carl_gustav
© Archiv S. FIsher Verlage

Карл Густав Јунг е роден 1875 год. во Кесвил, Швајцарија. Студирал медицина и од 1900 до 1909 год. работел во Психијатриската клиника во Цирих. Од 1905 до 1913 год. бил доцент на универзитетот во Цирих, од 1933 до 1942 год. почесен професор на Швајцарската Техничка висока школа, а во 1943 год. редовен професор по психологија во Базел. Јунг заедно со Зигмунд Фројд и Алфред Адлер припаѓа на тројцата пионери на модерната длабинска психологија. По одделувањето од Зигмунд Фројд (1913) развива сопствена школа на аналитичка психологија. Карл Густав Јунг почина 6. јуни 1961 год. во Киснахт.