Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Фишер-Лихте, Ерика

fischer_lichte_erika
© Barbara Antal
Ерика Фишер-Лихте, родена 1943 год., студирала драматургија, славистика, германистика, филозофија, психологија и педагогија во Берлин и Хамбург. Била професор на Институтот за германски јазик и книжевност на универзитетот ,,Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт, шеф на Катедрата за општа и компаративна книжевност на универзитетот во Бајројт и директорка на Институтот за драматургија на универзитетот ,,Јоханес Гутенберг“ во Мајнц.  Од 1996 год. е професорка и директорка на Институтот за драматургија на ,,Слободниот универзитет“ во Берлин. Ерика Фишер-Лихте има објавено бројни дела од областа на драматургијата. За нејзината работа во 2010 год. беше одликувана со ,,Берлинската награда за научна дејност“.