Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Цишлер, Ханс

zischler_hanns
© Isolde Ohlbaum
Ханс Цишлер, роден 1947 год. во Нирнберг, студирал филозофија, етнологија, историја на музика и германистика во Минхен и Берлин. Работи како лектор, преведувач и драматург. Освен тоа има напишано и пишува радио-драми,филмски критики и книжевни есеи. Од 1967 год. учествува во бројни филмови како актер. Во 1996 год. излезе неговата книга ,,Kafka geht ins Kino“, којашто беше преведена на повеќе јазици. Во 2009 год. ја доби наградата ,,Хајнрих Ман“, а во 2010 год. му беше доделена ,,Германската награда за најдобра радио драма“.