Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Парашкеков, Борис

parashkekov_boris
Борис Парашкеков, роден 1938 год. во Софија, е професор по историска граматика и историја на германскиот јазик. Завршил германистика, а од 1964 до 1967 год. бил докторанд на универзитетот во Лајпциг. По завршувањето на студиите станува доцент на универзитетот ,,Климент Охридски“ во Софија, на кој предава до 2005 год. Освен тоа бил лектор по бугарски јазик на универзитетот во Хелсинки (1974-1978) и визитинг-професор на универзитетот Делавер (1989). Во почетокот на 80-тите години ја добива стипендијата на фондацијата ,,Александар Хумболт“, којашто во 1994 год. го одликува со наградата ,,Александар фон Хумболт“. Борис Парашкеков досега има преведено познати автори, меѓу кои: Јохан Волфганг Гете, Мартин Лутер, Ханс Јакоб Кристоф фон Гримелсхаузен и Рудоф Штајнер. Во 2005 год. беше објавен неговиот препев на оригиналот на ,,Песната на Нибелунзите“ од средновисоко германски јазик.