Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Бек, Ханс-Георг

beck_hans_georg
Ханс Георг Бек е роден 1910 год. во Шнајцлројт. По матурирањето станал монах во бендектинскиот манастир Шојерн. Од 1930 до 1937 год. студира филозофија, католичка теологија и византологија на универзитетите во Минхен и Рим и се здобива со докторска титула. Во 1960 год. како наследник на Франц Делгер ја презема Катедрата за византологија и новогрчка филологија на универзитетот во Минхен. За своето дело е повеќекратно наградуван и одликуван, меѓу другото со Големиот Сојузен крст за заслуга на Сојузна Република Германија (1982) и со Баварскиот Максимилијански орден за наука и уметност (1988). Бил член на Академијата на науките на Баварија и дописен член на повеќе странски академии.