Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Дедовиќ, Драгослав

dedovic_dragoslav
© Dagmar Vohburger
Драгослав Дедовиќ, роден 1963 год. во Земун (Србија), детството го минал во Босна и Херцеговина, студирал новинарство во Сараево и социологија на култура во Белград. Од 1990 до1992 год. бил главен уредник во една издавачка куќа во Тузла. Како новинар и писател се заложува против етничкиот национализам и военото насилство. Од 1992 год. живее во Германија, каде што како стипендист на фондацијата ,,Хајнрих Бел„ ги завршува интердисциплинарните магистерски студии ,,Европски студии“ во Ахен, а од 1999 до 2006 год. работи како уредник во Дојче Веле. Потоа ја води канцеларијата на ,,Хајнрих Бел“ во Белград. Од 2009 год. повторно живее во Германија, работи во Бон како референт за Западен Балкан во Форумот цивилна мировна служба. За неговата писателска дејност е повеќекратно наградуван. Драгослав Дедовиќ има преведено книжевни текстови од германски, а со Дагмар Фобургер и на германски јазик.