Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Дондорици, Јулија

dondorici_iulia
Јулија Дондорици, родена 1979 год. во Тарговиште (Романија), работи како новинарка, преведувачка и водителка. Завршила романска и англиска филологија во Букурешт, како и германистика во Берлин. Моментално работи на докторската дисертација на тема ,,Телесни слики во романската книжевност на модерната“ на ,,Хумболт Универзитетот“ во Берлин.

Од германски на романски јазик ја има преведено Herzzeit. Briefwechsel, автор е на бројни статии за современата романска и германска книжевност и е издавач на книгата ,,Rumänien heute“ (,Пасажен, 2011). Од 2001 год. живее во Берлин.