Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Бахман, Ингеборг

bachmann_ingeborg
© IMAGNO/Austrian Archives
Ингеборг, Бахман, родена 1926 год. во Клагенфурт, се смета за една од најзначајните поетеси и прозаистки од германско-јазичното говорно подрачје на ХХ век. Во 1946 год., на почетокот од нејзините студии по филозофија го објавува расказот ,,Die Fähre". Од 1951-1953 год. работи како уредничка на мрежата Рот-Вајс-Рот во Виена, а потоа извесно време живее како слободен писател во Италија. По покана од универзитетот Харвард во Кембриџ учествува на меѓународниот семинар на Харвардовата летна школа на уметности и науки и образование. Од 1957до1958 год. работи како драматург во Телевизија Баварија во Минхен, а во 1959 год. станува член на германскиот ПЕН-центар. Ингеборг Бахман е добитник на бројни награди, меѓу кои и наградата ,,Дојчер Критикер“, наградата ,,Георг Бихнер“ и ,,Големата австриска државна награда за книжевност“.