Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Целан, Паул

celan_paul
Паул Целан е роден 1920 год. како син на еврејски родители од германско-јазично говорно подрачје во тогаш романското Черновиц. По матурирањето започнува студии по медицина во Франција, меѓутоа по една година се враќа назад во Романија за да таму да студира романистика. Во 1942 год. му ги депортираат родителите. Татко му умира од тифус во еден концентрационен логор, а мајка му ја стрелаат. Од 1942 до 1944 год. Целан мора да работи како принуден работник по различни романски работни кампови. Од 1945 до 1947 год. работи како лектор и преведувач во Букурешт, ги објавува првите песни. Во јули 1948 год. се преселува во Париз, каде што живее до својата рана смрт во пролетта 1970 год.