Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Лека, Максим

leka_maksim
Mаксим Лека, роден 1968 год. во Драч (Албанија), студирал геологија и рударство во Тирана.  Од  2001 год. живее со семејството во Сан Диего (Калифорнија). Во 1989 год. на албанските читатели им го претстави својот прв превод, изборот песни од Валт Витман. По него следуваат преводите од Валас Стивенс Лорд Алфред Тенисон, Емили Дикинсон, Роберт  Фрост, Јунус Емре, Е.Е. Камингс, Гетруде Штајн, Рајмонд Карвер и др. Моментално е посветен на песните на словенечкиот поет Томаж Шаламун, чие целокупно дело сака за прв пат да ѝ го доближи на албанската публика. Во декември 2010 год. Максим Лека го објави преводот на збирката поезија ,,Balada za Metko Krašovec“ од Томаж Шаламун.