Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Андони, Бен

andoni_benБен Андони, роден 1966 год. во Тирана, студирал географија и прво работел во Хидрометеоролошкиот институт.  Од 1996 год. работи исклучиво како новинар.  Пишува за ,,Коха Јоне“, бил уредник за култура на весникот ,,Газета шкиптаре“ и ,,Кориери“, главен уредник на неделникот ,,АБеЦе“ и заменик главен уредник на списанието ,,МАПО“. Освен тоа бил дописник за Белградската Известувачка Агенција БЕТА и за други странски агенции и весници. Бен Андони преведува од српски, хрватски, босански и англиски јазик. Во неговите преводи, меѓу другото, се вбројуваат и дела од: Меша Селимовиќ, Емир Имамовиќ Пирке, Срѓан Ваљаревиќ, Владимир Арсенијевиќ, Чешлав Милош, Владимир Набоков, Енес Кариќ, Милорад Павиќ, Јелеа Ленголд, Васко Попа, Даша Дрндиќ и Срѓан Срдиќ.